Станија за Денот на вљубените реши да ги почести своите следбеници со жешки фотографии, од кои тие најпрвин можеа гратис да видат само една.
За останатите мораа да платат, зашто старлетата оние поексплицитните ги прикачила на својата Онли Фанс страница, од која и овој пат одлично зарботила, откако се пофали дека од своите разголени пози и секси фотографии за Денот на вљубените инкасирала 2420 долари.
Откако старлетата си го наполни џебот, реши да „пушти срце“, па дел од она за што едни мораа да платат, сите други сега можат да го видат – гратис!
Имено, Станија, фотографиите од својата разголена Св. Валентин еротска фотосесија ги сподели на Инстаграм, со што ги израдува оние што имаат „плиток џеб, а влажни погледи“!
Соблечена во еротска долна облека од црвена тантела, само по танга гаќички, градник и жартиери, Станија ги возбуди и растрепери сите свои обожаватели и следбеници.
Нејзините бујни атрибути, големите силконски гради и заоблената, извајана задница им предизвика несвестица на најзагреаните „воајери“ чија неизмерна радост тешко се мери, што старлетата одново ја видоа речиси гола.
А Станија со своите провокативни пози продолжи „да ја вози“ својата приказна од која добро живее. Малку од „Онли фанс“ страницата за возрасни, малку од спонзорите, старлетата очигледно сите ги усреќила.
И нејзините следбеници и оние кои успешно ги рекламира, а најмногу – себе си, зашто од сето тоа умее добро да профитира!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/stanijadobrojevic