Радио Милева тргнува во наплата...

Станија тргнува на турнеја по клубови и дискотеки, па се враќа во „Задруга“: Старлетата најави лудило на сцената! (ФОТО+ВИДЕО)

Станија тргнува на турнеја по клубови и дискотеки, па се враќа во „Задруга“: Старлетата најави лудило на сцената! (ФОТО+ВИДЕО)

Станија Добројевиќ неодамна го напушти прекрасниот имот во Шимановци. Таа постигна договор со продукцијата да влезе во „Задруга“ како гостин на еден месец.

Сепак, за време на престојот во најгледаното реално шоу, таа откри дека планира по извесно време да се врати и да го продолжи натпреварувањето како редовен учесник и да се бори за главната награда.

Станија реши да ја искористи приликата додека е „на слобода“ неколку месеци, за да се посвети на настапите во ноќните клубови и дискотеки.

Имено, поради големиот интерес на сопствениците на дискотеки од регионот, Станија наскоро ќе им се врати на настапите. Нејзиниот менаџер веќе почнал да и договара гостувања, а таа ќе ја започне програмата за еден месец.

Како што решила, така ќе биде до Нова година, а потоа ќе се посвети на нови проекти. Ова сознание го потврди и Станија на својот Инстаграм профил каде старлетата најавува лудило на сцената.

 

Што ќе содржи нејзиниот наста никој не знае, освен тоа дека Станија баш и не знае да пее. Ама затоа, за се’ друго е… празник за очи!

Фото: Инстаграм принтскрин/stanijadobrojevic

To top