Српската старлета оваа, трета сезона на реалното шоу „Задруга 3“ ќе ја прескокне… барем засега! Овој пат Станија ја нема во „Задруга“, ама не е ни друга… поинаква од онаа што ја знаеме! Не барем во навиките.
Колку и да ветуваше дека сака да стане мајка па затоа веќе нема да се разголува, нема да се соблекува пред камери, нема да прави провокативни фотографии и фосесии, по се изгледа дека старлетата не може да избега од своите опсесии: Јавно да се покаже гола, па макар и до половина!
До душа Станија објави и една – две фотографии како држи едно слатко бебенце в раце, ама не нејзино… Малата Грејси е слатката ќеркичка на нејзината фотографка Дениса Стефан Гереро.
И додека Станија се реши дали ќе станува мајка и или само како од мајка родена ќе се фотографира, старлетата си ја тера старата гола шема: женска провокација за машка занимација!
Дали е во прашање топлес селфи во лифтот или „распослана“ крај морскиот брег, за Станија „нема веќе голотија“, важи колку и ланскиот снег!