Познатата старлета и ријалити ѕвезда Станија Добројевиќ ја шокираше јавноста со чудна фотографија. Таа на своите Инстаграм приказни сподели фотографија од себе си, односно своето лице во крупен кадар, а на него некаква млечно-бела течно-кашеста материја… И додека оние со бујна фантазија, „расипани мечти“ и „валкани страсти“ помислија дека старелтата си направила селфи после „жешка орална акција“, Станија веднаш се погрижи веќе со следната фотографија да ја демантира нивната „мизерија“ и ја разреши оваа мистерија.
Имено, старлетата заврши во една приватна клиника за естетска хирургија, каде се подложила на нова интервенција. Добројевиќ никогаш не ги криела сите пластични операции и естетски зафати што ги правела на себе, па затоа секогаш им давала совети на девојките дека мора да бидат многу претпазливи и внимателни кога ќе влезат во светот на „силиконската убавина“.
Станија во продолжение на приказните на својот профил на Инстаграм на своите следбеници им покажа дека е во друштво на својот долгогодишен лекар…
А, лицето и е намачкано со анестетик во форма на млечно-бел крем, кој инаку се користи при интервенции на лицето.
Како некој што беспрекорно се грижи за својата ментална и физичка состојба, Добројевиќ е позната по тоа што посветува многу време и пари за да остане млада и привлечна, пожелна, секси…
И тоа го прави без комплекси!
Фото: Инстаграм принтскрин/stanijadobrojevic