Радио Милева жешка на студот

Станија се прошета гола на снегот: Температурата во минус, возбудата во пораст (ФОТО)

Станија се прошета гола на снегот: Температурата во минус, возбудата во пораст (ФОТО)

Реијалити ѕвездата и најпозната српска старлета Станија Добројевиќ со нова серија провокативни фотографии  „загреа“ многумина и денеска,  кога температурата во одредени периоди е околу нулата, а на моменти и во минус.


Старлетата се фотографираше во нова колексција еротска долна облека, па така разголена и секси, без комплекси се прошета на снегот во издание за кое секој маж сонува.

Старлетата своите следбеници на Инстаграм ги почести со „жешки“ кадри,  од кои се топи снегот под нејзините долги нозе, во црни чорапи од тантела, жартиери и црн градник од кој извира она по што Станија е најпрепознатлива – бујната силиконска предница!


Разголената убавица на  многумина им ја разгоре фантазијата со жешките кадри по студеното време, по што следеа бројни реакции од нејзините следбеници, од кои  имаше од понуди за скијање во зимски центар по нејзин избор, до понуди за брак.

„Ме смрзна, а всушност горам“, „Ти си бомба!“, „Изгледаш нереално добро“, „Како ангел, а всушност ѓавол“, „Каква риба“, „Омажи се за мене“, „Станија, немаш конкуренција“, „На жена од моите соништа“, се дел од коментарите.

Станија уште еднаш покажа колку многу може да биде жешка дури и на студот, додека на упорните додворувачи,  попуст им е трудот,  зашто старлетата во моментов е во стабилна врска со Црногорецот Марко Марковиќ.

Фото: Инстаграм принтскрин/stanijadobrojevic

To top