Станија Добројевиќ (36) се пофали дека има одличен секс со Марко Марковиќ (27)! Старлетата за српски Информер изјави дека напорно работи на правење бебе и планира да има три деца.
„Мојот сексуален живот е одличен! Погледни ме, цело време се смеам! Да беше поинаку, ќе бев намуртена. Јас и Марко не користиме никакви помагала, не ни требаат! Штом ќе се преселиме во мојот нов стан, ќе имаме бебе. Марко сака пет деца, а јас три. Не се плашам од бременост или породување. Па што ако се здебелам“ – вели Станија и додава дека нема намера да се омажи за црногорска манекенка бидејќи хартијата не и значи ништо:
„Не ме интересира свадба, туку прво да имам дете. Бракот е можен само кога ќе станам мајка“.
Старлетата не планира да престане да се соблекува ниту кога има деца.
„Многу холивудски ѕвезди се фотографираа голи, па нивните деца имаат нормално детство. Ќе им ги покажам сите тие насловни страници на моите внуци и ќе им речам: „Гледајте каква била вашата баба некогаш!“ – вели Станија и открива дека момчето често ја фотографира гола:
„На Марко му се допаѓаат моите секси фотграфии, дури и тој често ме слика“!
Добројевиќ вели дека позирањето и е во крвта и дека преку него толку многу заработува.
„Престанав да пеам затоа што не сакам настапи. Тешко ми е да се спакувам секој четврток и да бидам надвор од дома до недела, да се вратам во пет наутро, да вадам шминка … Истото го заработувам и додека се сликам дома во огледало!“ – завршува приказната за старлетата која на социјалната мрежа „Онли фанс“ наплаќа за своите разголени секси фотографии.
View this post on Instagram
Фот: Инстаграм принтскрин/stanijadobrojevic