Станија Добрејевиќ го сврте вниманието на себе во „Задруга 2“ кога заедно со Владимир Томовиќ цела ноќ помина под јорган крај базенот. Сепак, нејзините колеги беа многу повеќе заинтересирани за нејзината тажна приказна што им ја раскажа минатата ноќ.
„Родена сум во Хрватска во 1995 година, а татко ми го изгубив во во војната. Потоа отидов во Бања Лука, всушност, сменивме многу места. Рума беше 13-то место каде што се сместивме. Две години не знаевме што е со татко ми, дали е жив или не?! Мојот тетин беше заробен во Сплит. Тетка ми се обидуваше да дознае нешто за нив, бидејќи и двајцата беа заедно. Различни луѓе доаѓаа со различни приказни: дека се удавил, дека нашол жена и има деца. По цели две години потрага добивме информации со докази дека тој е убиен“ – рече таа шокирајќи ги со својата тажна приказна учесниците и продолжи:
„Ние буквално изгубивме сè за еден ден. Ни ја запалија куќата, фрлијаа бомба на автомобилот, татко ми исчезна…. Мама беше во хаос, а со неа само ние, две мали деца. Тато има пет сестри, кои се добростоечки. Тие финансиски ни помогнаа да опстанеме, ни плаќаа стан… Тоа е најтешкиот дел од мојот живот“ – раскажа Станија за себе, додавајќи дека 10 години живеела во агонија.