Станија Добројевиќ го живее животот… по свое! По која цена – тоа е веќе друга работа! Ама, секој си го бира својот пат, а таа овој пат одбра патот да ја однесе на Мајами во САД.
Српската старлета очигледно ужива во она што животот и го пружа, живееј ќи во стилот: денес си цвет – утре свената роза… Па ги користи сите свои адути за да ги истакне телесните атрибути, кои очигледно и носат повеќе од доволно за добар живот!
И бидејќи сам не се живее, Станија и во Мајами се потруди да си најде соодветно друштво… Нормално, онакво, какво што неа и прилега – пријателки од нејзин ранг по стас, а веројатно како и таа и на „добар глас“!
Така таа и пријателките денот го минуваат покрај базенот, па покрај водените лудории, секогаш се подготвени да завземат нова поза… за сликање, секако! Однапред или одзади, обли газиња и силиконски гради, секогаш во крупен кадар и прв план…
Зашто, штом сонцето ќе почне да заоѓа зад хоризонтот, „зајачиците“ излегуваат на „фронтот“, на радост на целата нација, подготвени и орни за ноќна акција!