Контроверзната старлета и поранешна Задругарка, Станија Добројевиќ ќе се мажи на Карибите. Таа веќе неколку месеци е во врска со момче кое е по потекло од овие краишта, но живее и работи во странство:
– Станија раскина со момчето со кое беше во врска од минатата година, по раскинувањето со Марко Марковиќ, но не остана долго сама. По само неколку недели „падна“ на еден дечко кој е од нашите краеви, но живее и работи во странство и има 38 години како неа. Нејзиниот избраник често патува во Америка на работа, каде што се запознале. Таа се „залепи“ на успешен бизнисмен, а тој ја држи како капка вода на дланка! Не била ни приближно толку вљубена, па не ме чуди што по само неколку месеци почна да планира иднина со него. Копнее да се омажи и да има дете – открива пријателката на Станија.
– Ми се јави минатиот месец и ми кажа дека се верила! Ми кажа дека таа и нејзиното момче биле на одмор во Лас Вегас и дека тој ја запросил таму. Тој подготвил романтична вечера на балконот од хотелот во кој престојуваа и го извадил прстенот. Таа била воодушевена!
– Тие сега се заедно во Мајами и таму ќе останат до свадбата. Сето тоа ми изгледаше малку пребрзо, па ја прашав дали е бремена, но таа ми рече дека не е – додала таа.
Иако планираат интимна венчавка на Карибите. Станија веќе ги известила семејството и пријателите и се грижи за секој детаљ, а подготовките за церемонијата се веќе во тек.
фото: Принтскрин/Драган Кадиќ/Инстаграм