Радио Милева

Станаа родители, без никој да знае: Славната двојка доби близнаци!

Станаа родители, без никој да знае: Славната двојка доби близнаци!

Веќе 15 години се во врска и често зборуваа дека документите и брачните завети не им значат ништо.

Сепак, многумина се изненадија од информацијата дека Ана Курникова и Енрике Инглезијас станаа родители.

Тенисерката и пејачот сакале никој да не знае за бременоста, особено медиумите, таа со (не)појавување во јавност, а тој да не зборува пред претставниците на седмата сила.

Последен пат кога папараците ги фотографираа, беше во месец октомври минатата година. Курникова родила близнаци во саботата, пренесува магазинот ТМЗ.

На бебињата им ги дале имињата Николас и Луси. Интересно е дека Енрике по повеќе од една деценија не го запозна татка си со својата избраничка, бидејќи како што и самиот вели, немало погоден момент за тоа.

To top