Оскаровката Кетрин Зета Џонс (52) смета дека ботоксот и е најдобар сојузник во одржувањето на младешкиот изглед, но изгледа дека не ги забележува сè пострашните последици од естетските корекции на нејзиното лице кое станало искривено.
Имено, холивудската дива може да се пофали со идиличен брак со Мајкл Даглас, одлична актерска кариера прошарани со бројни награди, како и титула секс симбол на деведесеттите.
View this post on Instagram
Кетрин се прослави како 19-годишна девојка во британската серија „Lovely Buds of May“. Во тој проект таа ги засени сите со својот раст и природна убавина. Оттогаш снимила бројни успешни високобуџетни филмови, но се чини дека во шестата деценија од животот не и оди се добро.
View this post on Instagram
Се погласни се коментарите дека Зита се уништила со пречестото одење кај пластичен хирург и станала само сенка на поранешната занесна бринета, која пленеше со сексапил.
View this post on Instagram
Како и повеќето познати дами, таа не можеше да одолее на „магичната“ естетска медицина. Откако навлегла во четириесеттите, почнала редовно да вежба „боцкање“ со ботокс и филери, за засекогаш да го задржи младешкиот изглед.
View this post on Instagram
Но, таквата филозофија ѝ се врати назад, бидејќи сега, како резултат на масовните инјекции, таа го крие лицето од јавноста, па дури и се труди што помалку да се појавува во јавноста.
Иако првите корекции на лицето на Кетрин беа незабележливи, актерката прилично се занесе, бидејќи од неа направи восочна маска која не може ни да се движи. На минатогодишното доделување на Златните глобуси таа ги шокираше сите со својот изглед. Целосно „испеглано“ лице без ниту една брчка кое изгледаше безизразно, а многумина веднаш заклучија дека Зета Џонс паднала во пеколот на естетски зафати.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/catherinezetajones/Профимедиа