Гога Секулиќ, како и многу нејзини колеги, се најде во незавидна финансиска состојба поради пандемијата на коронавирусот, бидејќи се спречена да имаат настапи.
„Најдобро е додека не почнеме да работиме да ни ги суспендираат или простат сметките, да не плаќаме струја, вода или станарина, па кога ќе започнеме со работа тогаш да продолжиме“ – рече Гога во емисијата „Ексклузив“.
Да потсетиме, многу колеги и колешки на Гога Секулиќ признаа и дека се соочуваат со финансиски проблеми, а за тоа јавно проговори и пејачката Мина Костиќ.
„Кога не работам и немам приход, а морам да ги плаќам сметките, не можам да не сум загрижена. Само станарината ме чини 7.000 динари. Немам од каде да ги плаќам сметките. Ова е прв пат во мојот живот да останам без пари. Како независен уметник, добив помош од државата за три месеци, но, луѓе, што се 90.000 динари?! – изјави претходно пејачката и додаде:
„Имам некој приход од Јутјуб, па некако сè покривам со тие пари. Имам и малку пари од претходно што заштедив од настапите, па некако рационално го распределувам и го трошам сето тоа. На мојата ќерка и мене не ни треба многу за храна, но сметките ме отепаа“ – додаде таа.
Фото: Инстаграм принтскрин/sekulicgoga/minakostic_official