Радио Милева здебелена естрада

Српските пејачки од карантинот излегоа… „усвињети“: „Мојот фрижидер има најмногу прегледи на ден“! (ФОТО)

Српските пејачки од карантинот излегоа… „усвињети“: „Мојот фрижидер има најмногу прегледи на ден“! (ФОТО)

И додека дел од естрадните ѕвезди се трудеа да внимаваат на изгледот и додека не можеа да пејат заради коронапандемијата, некои од нив дури и  изгубија вишок килограми во изминатиот период, некои пејачки не се срамат да признаат дека се здебелиле, нафрлајќи на себе вишок килограми во текот на изминатите пет месеци, откако започна периодот на изолацијата и карантинот.

Меѓу нив, Наташа Беквалац прва зборуваше отворено за тоа, признавајќи дека излегла од карантин со седум килограми повеќе.

„Облеков фармерки за прв пат, не излегов од пижами и се соочив со суровата реалност и фактот дека сум се  здебелила цели седум килограми“ – изјави неодамна Наташа, која откри и дека побарала помош од нутриционист поради тоа. Со помош на изменета диета, убавата новосадска барби полека ја враќа старата тежина.

Покрај Ната, се здебелила и Тања Савиќ. Таа неодамна изјави дека благодарение на кујната на нејзината мајка има четири килограми плус.

„Може да се каже дека се здебелив малку, но жената како жена секогаш може да биде и послаба. Сите готват за мене. И мајка ми и снаата, појадокот ме чека во кревет“ – рече пејачката.

Сања Ѓорѓевиќ исто така отворено призна дека се здебелила во периодот кога не можела да настапува.

„Додека бев на пост, не се здебелив, но од Велигден наваму, качив повеќе од три килограми. Замислете да не постите. Тренирав и работев во градината, ама килограмите се на нервна база и без акција и работни обврски. Јадев колу треба и нетреба и сега не можам да престанам. Сега  почнав да одам на долги прошетки“ – ќе рече таа за српските медиуми.

Пред да остане бремена, пејачката и водителка Ана Севиќ се пожали и на прекумерна тежина, од пет килограми.

„Се опуштив уште уште пред да започне самоизолацијата. Карантинот ме врза за фрижидерот и често се шегувам дека мојот фрижидер има најмногу прегледи на ден“ – изјави таа за медиумите.

Фото: Инстаграм принтскрин/sanjadjordjevicofficial/anasevicofficial/tanja_savic_private/bekvalceva

Verified
To top