Радио Милева

Српските новинари распалија по Тања Савиќ: „Молеше за помош, а сега не сака да даде изјава“

Српските новинари распалија по Тања Савиќ: „Молеше за помош, а сега не сака да даде изјава“

Српската пејачка Тања Савиќ поминува низ тежок период бидејќи неколку месеци ги нема видено децата затоа што нејзиниот сопруг Душан ги однесе во Австралија.

Таа неколку пати се огласи за српските медиуми  откривајќи што се случило, па и откри низ што поминувала во бракот со сопругот изминатите 11 години.

Иако досега даваше изјави, изгледа сега тоа се променило. Како што пишува курир.рс, тие ја сретнале пејачката на еден нејзин настап. Таа пред концертот пристигнала расположена, но кога ги видела новинарите го променила изгледот на лицето.

фото: Принтскрин/курир.рс

Екипата на курир.рс ја замолила Тања за изјава.

„Не, не сега. Немам време. Не можам“ изјавила Савиќ и бргу влегла на сплавот.

Потсетуваме, српските медиуми исто така пред некое време пишуваа дека наводно Тања го изневерувала сопругот, a таа ги демантираше овие пишувања.

To top