Радио Милева
шпекулации

Српските медиуми објавија дека раскинале Цеца и Богдан, а еве што е вистината (фото)

Српските медиуми објавија дека раскинале Цеца и Богдан, а еве што е вистината (фото)
фото: Принтскрин/инстаграм/цецаражнатовиќ

Пред неколку недели како бомба одекна веста дека српската пејачката Цеца Ражнатовиќ е во емотивна врска со Богдан Срејовиќ.

Кога папараците ја уловија пејачката со својот нов партнер, таа не чекаше многу долго да ја обелодени својата врска.

На социјалните мрежи ги објави и првите фотографии со својот сакан, но сега ги избриша, па српските медиуми веднаш започнаа да пишуваат дека парот раскинал.

По тој повод, се огласи и Цеца и ги демантираше овие пишувања.

Имено, таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од веста, а во описот напиша: „Лага“.

фото: Принтскрин/инстаграм/цецаражнатовиќ

 

фото: Принтскрин/инстаграм/цецаражнатовиќ

Цеца и понатаму ужива во љубовта со Богдан.

Останати вести од Радио Милева