Радио Милева

Српските медиуми имаат забелешка за Каролина Гочева, за кариерата, но и изгледот

Српските медиуми имаат забелешка за Каролина Гочева, за кариерата, но и изгледот

Меѓу најголемите ргионални музички ѕвезди на првите MAC награди се најде и нашата Каролина Гочева која освои награда во категоријата етно за песната „Ти не дојде“ од последниот албум „Извор“.

Медиумите се уште резимираат за настанот,  наградите, сцената, изгледот изјавите на пристуните…

Во тоа српските медиуми не ја заобиколија ниту Каролина, а порталот Блиц.рс и забележа  дека иако активно се занимава со музика, Каролина во последните години, според нив ретко се појавува на јавни случувања.

Токму поради тоа нејзиното доаѓање на MAC според српскиот медиум привлече големо внимание.

Тие  јасно посочија дека од неа очекуваат повеќе настапи во регионот, како и тоа песните да ги препее на српски јазик.

foto:Predrag Dedijer/rassrbija

Освен коментарот во поглед на нејзината кариера, тие го искоментираа и нејзиниот изглед.

Имено, напишаа дека Каролина е видно ослабена, а тоа не останало незабележано.

Веројатно, нашето македонско девојче им беше пријатно изненадување, па очигледно почесто сакаат да ја слушаат и гледаат.

To top