Радио Милева

Српските медиуми „чепнаа“ по љубовното минато на Калиопи

Српските медиуми „чепнаа“ по љубовното минато на Калиопи

„Со првиот сопруг се уште е во врска, а вториот беше 13 години помлад од неа. Побегна од земјата, а потоа се најде во центар на скандал“, „Два пати се разведе: Со првиот и понатаму е во врска, а другиот беше 13 години помлад од неа, побегна од земјата , а животот и беше полн со бури, гласат насловите за македонската пејачка Калиопи во српските портали во курир.рс и блиц. рс .

За разлика од тоа колку српските јавни личности се застапени кај нас, за нашите пак поретко може да се прочита нешто кај нив, баш како во случајов, но сепак не е нешто досега непознато за нашата позната пејачка.

Калиопи со својата музика и вокал прави успешни концерти ширум регионот и таа важи за една од најголемите како во Македонија така и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора…

фото: инстаграм/имлајвапродуктион/мјузикаурдс

Српските  медиуми одлучија да „чепнат“ по љубовното минато на Опи, па така тие го пишуваат следното:

  • Калиопи 10 години беше во брак со Ромео Грил од кого се разведе во текот на 90тите, а по разводот таа ја обнови соработката со поранешниот сопруг и се крена голема прашина во медиумите.

Во периодот на најголемата популарност на групата „Калиопи“, Калиопи Букле со тогашниот сопруг се повлече од јавната сцена и од Југославија замина во Швајцарија каде што живееше 10 години. Учеше германски јазик и работеше многу други работи. Пет години Калиопи предаваше музичко во средно училиште. Таа велеше дека токму учениците ја убедиле да се врати на музиката.

фото: Марина Лопачиќ

Инаку, кога станува збор за нејзините песни и создавање на хитови соработува со Ромео, а досега неколку пати истакна дека тој најдобро ја познава и дека знае каква песна да и направи, но и дека меѓу нив нема ништо освен пријателство и соработка, како и нивната силна врска поради синот Пако.

Суштина на нејзиниот живот е синот Пако кој живее во Швајцарија.

„Најемотивен момент во мојот живот беше неговото раѓање. Тој живее во Швајцарија и не сакам да зборувам за него. Често ми вели на мене и Ромео: „Не зборувајте за мене, заборавете ме во вашите изјави“, така да морам да го испочитувам“, изјави Опи во една прилика.

Српските медиуми исто така пишуваат и за вториот брак на Калиопи со актерот Васил Зафирчев.

фото: фактор.мк

Тие беа заедно седум години, иако има скалден брак, Васил и Калиопи се разведоа.

Калиопи во една исповед за еден магазин истакна дека причина за нејзиниот развод не била разликита во годините.

фото: Инстаграм

Калиопи денес е еден од најдобрите вокали во регионот и посветена на музиката и фановите, а пред да започне корона кризата таа одржа неколку успешни концерти во регионот.

To top