Пејачките Злата Петровиќ и Гоца Божиновска пред неколку дена доживеале непријатност на бензинската пумпа, кога биле нападнати од манијак, јавуваат локалните медиуми.
Наводно, двајцата застанале да наполнат гориво и купат некои ситни намирници, каде што се случил целиот инцидент.
„Беа одлично расположени, влегоа во продавницата на бензинската пумпа, купија ситници, наполнија гориво и видов дека им пријде некој лик. Мислевме дека сака да се фотографира со нив, но во еден момент ја слушнав Гоца како му вика: „Бегај човеку, не си нормален“. Тогаш сфатив дека нешто не е како што треба“ – изјавил вработениот од бензинската пумпа и објаснл што се случило потоа:
„Тогаш им пријде колега и ги праша што се случува, но тие не сакаа да коментираат, само рекоа дека се работи за некоја будала. Претпоставувам дека навистина им пришол да се сликаат, а потоа почнал да зборува како му се допаѓаат, како на нив се пали… Таква некој варијанта, којзнае што им зборувал. Ама убаво го шутнаа“ – заклучил изворот во изјавата за српски „Свет“.
Фото: Јутјуб принтскрин/Пинк