Радио Милева заробен на аеродром во Бангкок

Српскиот водител моли за помош – не успеал да се врати во Србија: „Ни снемува пари, има болни, препуштени сме сами на себе…“ (ФОТО)

Српскиот водител моли за помош – не успеал да се врати во Србија: „Ни снемува пари, има болни, препуштени сме сами на себе…“ (ФОТО)

Андреј Маричиќ авторот и водител на емисијата „Без граници со Андреј“, кој ги истражува најоддалечените делови на планетата, не успеа да се врати во Србија пред авиокомпаниите да ги суспендираат сите летови на подолг временски период, а како што вели за српски „Блиц“ иако се чувствува добро, истакнува дека тој веќе нема во себе пари, и моли за помош!

„Се чувствувам одлично без температурата и какви било симптоми откако дојдов во Лаос во недела наутро“ – започнува приказната водителот и открива дека тој во моментов е во Бангкок.

„Јас сум во Бангкок во моментов затоа што денес требаше да летам од Доха за Белград, но поради затворањето на аеродромот не можам да се вратам, како и голем број туристи, не само од овде, туку од целиот свет. Ако заминеме, ќе останеме на транзитниот аеродром се’ додека нашиот аеродром е затворен, што значи дека ќе живееме на аеродромот два месеци со можност за заразување 100 проценти.
Проблемот е што осигурувањето ни е на сите истекнато, а меѓу нас има многу патници кои имаат здравствени проблеми и никој од нив не планирал да остане два месеци подолго некаде. Немаме пари за толку долг престој надвор од матичната земја. Тоа е најголемиот проблем, здравственото осигурување, парите и тоа што сме оставени самите на себе.
немаме избор, освен да седиме и да чекаме нашата држава да не извлече одовде“ – вели Андреј.

To top