Поранешниот задругар и шоумен Бора – Сантана, кој беше уапсен пред пет дена кога се обидел да ја премине границата и да влезе во Република Српска, а потоа беше ослободен, откри зошто завршил зад решетки.
„Јас се најдов на потерница, така што не можев да ја минам границата. Никој ништо не ми објасни, само телефонот ми беше одземен и ме одведоа во затвор. Имав само можност да му свртам на татко ми и да му кажам каде сум, за итно да ми испрати адвокат“ – ја започнал приказната Бора, а потоа продолжил:
„Два дена бев во притворска ќелија со тешки затвореници, без храна и вода. Бев многу болен, не знам зошто сум на списокот на барани лица, а се најдов заедно со оние луѓе кои малку ме исплашија. Му се молев на Бога помошта што побргу да стигне до мене, затоа што веќе бев на работ, очаен и депресивен“ – ќе рече Сантана и додава:
„Ми рекоа дека ќе останам во притвор 30 дена. Целиот мој свет се сруши. Два дена подоцна, еден адвокат дојде кај мене и ми рече дека полицијата се обидувала да ми врачи судска покана веќе две години, но не можела да ме најде, па затоа сум завршил на меѓународна потерница. Станува збор за тужба на жена која е обожавател на Маца – Дискреција, каде е наведено дека јас наводно сум и се заканувал на Маца“ – појаснува Сантана.
Не сум во лоши односи со Маца или со што било друго не сум и наштетил. Напротив, таа ми се јави минатата година кога почина баба ми, потоа и јас и го честитав роденденот, така што нема омраза меѓу нас.
Како што разбрав, полицијата треба да контактира со Маца, за да може таа да биде сведок на суд и да каже дека никогаш не сум и се заканувал, за да бидам ослободен од обвинението! Немам претстава што ќе се случи понатаму. Сè уште сум во шок“ – резимира Бора – Сантана, откако од потерница заврши во апсана.