Пејачот и добро познат учесник во реалните шоуа, Милан Обрадовиќ, попознат како Мики – Меќава кој е заразен со коронавирус беше сместен во болница.
Меѓутоа, како што пренесува сега блиц.рс, Мики во текот на вчерашиот ден без одобрување и без заштитна опрема побегнал од ковид болницата „Арена“.
Полицијата е по потрага по него откако ја напуштил болницата.
„Сакав на своја иницијатива да си дојдам дома, во самоизолација. Не ми годеше прашината таму. Разговарав со докторите, некои не се согласија да си одам сам. Не можев да останам, здравјето да ми биде загрозено. Се чувствувам подобро, не најдобро. И понатаму се чувствувам уморно, но последните денови немам температура. Нема да се оправдувам“ вели Милан за блиц.рс
Тој обидл да ја покаже отпусната лист од болница.