Радио Милева

Српскиот пејач хоспитализиран, се сомнева дека е заразен со корона

Српскиот пејач хоспитализиран, се сомнева дека е заразен со корона

Коронавирусот се уште е присутен во целиот свет,  а во последно време неколку јавни личности се позитивни на Ковид 19.

Пејачот Љуба Перучица на својот „Инстаграм“ објави фотографија од болницата на „Бежаниска коса“ во Белград.

фото: Инстаграм

„Драги мои, ова ќе биде моја единствена изјава и ве молам да не ме вознемирувате. Не сум единствен кој се лекува, телефонот ми ѕвони, а тоа не ме неривира само мене туку и луѓето кои се тука.  Имам воспаление на белите дробови, се уште не ги добив резултатите од Ковид 19, но секако се сомнева на оваа болест. Се чувствувам добро, не сум на апарати, ги примам потребните лекови и за неколку дена ќе бидам дома. Би ги замолил сите кои беа во контакт со мене, да внимаваат и да се проверат доколку имаат некои симптоми. Чувајте се и благодарам на разбирањето“, напиша пејачот на „Инстаграм“.

фото: Инстаграм

Потсетуваме, неодама Цеца Ражнатовиќ и Вељко оздравија од коронавирус, а сега и тенисерот Новак Ѓоковиќ е позитивен на Ковид 19.

To top