Радио Милева

Српскиот креатор удри по стајлингот на Јелена Ѓоковиќ: „Носи многу евтини копии“

Српскиот креатор удри по стајлингот на Јелена Ѓоковиќ: „Носи многу евтини копии“
фото: тањуг/ап

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се појави на свечена церемонија во Монте Карло каде што по четврти пат ја зема наградата за најдобар светски тенисер, а стајлингот на неговата сопруга е тема за дискусија.

Имено, Јелена се појави во креација на српската модна креаторка Марија Тарлиќ, а српскиот креатор Саша Видиќ за „Српски телеграф“ ја прокоментира модната креација на Јелена.

фото тањуг/ап

„Прва работа која Јелена требало да ја сфати кога го облекла фустанот е дека со него не одат чорапи. Мене ме изненади тоа што покрај толку пари, таа си дозволи да облече евтина копија на познатиот светски бренд. Од авион се гледа дека ова парче не е оригинал. Носи и обувки со фустанот, а видов и една фотографија каде и се гледат гаќите. Тоа е така бидејќи таа е многу ниска за овој модел. Се ова ми е некако безврска“ вели креаторот и додава:

фото; инстаграм

„Мене ми изгледа дека Јелена набрзина се подготвила за овој црвен килим  и дека едвај чекала да се подготви, без консултација. Ми изгледа како обична домаќинка“ вели Видиќ.

Од друга страна, креаторката која го подготвила фустанот на Јелена вели дека и се допаѓа како и стои и дека не сака да навлегува во дискусија со Видиќ.

Останати вести од Радио Милева