Познатиот српски јутубер Богдан Илиќ познат како Бака Прасе во своето ново видео најави дека ќе поднесе две тужби против девојката која тврди дека тој го користи своето влијание за да уценува малолетнички за сексуални услуги.
Како што вели, поради оваа неточна изјава му е нарушен угледот и спонзорите му откажуваат соработка.
„Првата тужба е за тоа што ми нанесе материјална и нематеријална штета. Материјална е што спонзорите ми откажуваат соработка, а нематеријална е што ми го наруши угледот и што трпам стрес. Не проверувајќи ги точните информации, објави мои лични преписки со некои личности и придонесе да ги објават медиумите без проверка, причина и суштина. Ќе ја тужам приватно за надоместување на штетата“ изјави Бака Прасе.
Другата тужба е кривична и како што објасни јутуберот неа ќе ја поднесе државата.
„Размислував дали да го направам тоа. Кривично ќе ја гонам. Морам да одам до крај, за да го „исчистам“ моето име. Кривична пријава затоа што без дозвола објави моја преписка. На мизерен начин дојде до тие преписки и со тоа чепкаше по мојот приватен живот, а тоа е кривично дело за кое се добива казна затвор од две години. Таа тужба ја пушта држвата“ изјави Јутуберот.