Фолк-пејачот Радиша Трајковиќ -Ѓани веќе извесно време ја носи титулата „крал на бакшишот“, видеото од една забава кое стигна во јавноста, многумина остави без зборови.
Имено, на Ѓани му ставале бакшиш каде што стигнале, евра во чорапите, кошулата, околу главата, а пејачот за една песна заработил илјадници евра.
„Можно ли е ова?!“, „Ставањето пари во деколте е заборав“, „Човекот зема илјадници евра за еден стих, ова е невозможно!“… се само дел од коментарите.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Ѓани на прославите секогаш создава луда атмосфера, поради што присутните не се штедат да го накитат Ѓани. Фолкерот привлече огромно внимание кога еднаш на приватна забава пиеше од чевел, а потоа се најде на мета на негативни коментари.
– Сето тоа е за мое задоволство. Никој не може да ме натера да се качам на масата. Тоа е она што го чувствувам, тоа беше шега. Тоа беше мој пријател, купи нови патики. Што се’ правевме во животот – изјави тогаш Ѓани.
фото: Инстаграм принтскрин