Пејачот Љуба Аличиќ раскажа дека во овие доцни години од животот слободното време најчесто го поминува дома со семејството, а сега најголемиот дел од парите ги троши на сметки со оглед на тоа што во родниот Шабац има три куќи.
„Ги намалив тезгите поради короната, нема повеќе работа како порано, но, најлошо е што трошоците само растат! Народот не ме вика, не се прават веселби, сите се депресивни поради оваа ситуација и се повлекоа во глувчешка дупка. Порано се пееше, не знаевме што да правиме со парите аработени од тезгите. Ќе одработиш една тезга, некоја свадба и мирен си цел месец. А дека трошев-трошев… Потрошив многу, како и моите колеги. Најголем дел од парите ги оставив по кафеани и казина. Да не бидам погрешно сфатен, не бев зависник од коцкање, само сакав да влезам и да си ја пробаме среќата. Работев, имав, ми беше напорно и тоа беше мојот издувен вентил. Многу луѓе од естрадната сцена играат комар, но не секој ќе го каже тоа јавно за медиумите.
Аличиќ вели дека бил во друштво на луѓе кои пред него конзумирале дрога, главно кокаин, но дека тоа него никогаш не го привлекувало.
„Синан Сакиќ и Џеј ги уништи дрогата, но кој е виновен за нивната љубов кон пороците, освен самите тие?! Го имав тоа пред мене многу пати, па не сум го пробал. Сакав нормален живот, а тие само дрога, па дрога! Ги нема повеќе, а и кога имаа шанса да излезат и да почнат да живеат нормално, без пороци, не ја искористија. Продолжија како порано.
Јас не би можел да испеам една песна ако бев толку запустен! Штета е кога човек нема сам да си помогне. Дрогата е зло, тоа никому не му треба“ – вели пејачот.
Фото: Инстаграм принтскрин/#ljubaalicic