Радио Милева
златни рози во замена за љубов?

Српскиот бизнисмен „ја шутна“ хрватската старлета Ива Гргуриќ: „Или ние двајца или твојата работа“?! (ФОТО)

Српскиот бизнисмен „ја шутна“ хрватската старлета Ива Гргуриќ: „Или ние двајца или твојата работа“?! (ФОТО)

Ива Гргуриќ и Немања Петошевиќ наводно раскинале по девет месеци врска! Српскиот бизнисмен не можел да поднесе што хрватската старлета често патува „по работа“ во Дубаи, па ја оставил!

„Иако изгледаше дека имаат врска како од бајка, вистината е поинаква. Ива и Немања во последно време се караа бидејќи често беа разделени. Таа постојано е на релација Белград-Дубаи, бидејќи наводно развива бизнис со рози од злато. Му пречело тоа што повеќе се слушале на телефон отколку што се гледале, па и рекол дека повеќе не може“ – ја започнува приказната извор близок на парот.
Тој додава дека Петошевиќ и поставил ултиматум, но таа не сакала ниту да слушне за тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iva Grguric (@iva_grguric_official)

„Еден ден дојде и рече: „Или ние двајца или твојата работа“?!

Таа не можела да поверува што ѝ кажува. Отпрвин била бесна, а потоа се растажила. Не сакала да раскине со него, бидејќи тој е најголемата љубов во нејзиниот живот. Ива никогаш не сакала никого толку многу како него, па дури и помислата за разделба и била тешка. Но, од друга страна, таа не сакала да се согласи со неговите услови, бидејќи знаела дека ако го стори тоа, тој цел живот ќе и поставува ултиматуми. Затоа му рекла дека не сака да ја напушти работата, затоа што сака да заработува, а не да живее на туѓ грб. Потоа тој како од ведро небо и одговорил дека повеќе не се заедно! Во истиот момент таа се спакувала и во солзи го напуштила станот. Оттогаш повеќе не се слушнале.
„Ива мислеше дека Немања сепак ќе се предомисли и ќе се смират, но кога виде дека ја отследил од Инстаграм и ги избришал сите нивни заеднички фотографии, и самато го направи истото. Ива не одговара  на телефон, ниту  враќа на пораките што ги добива.

Фото: Инстаграм принтскрин/iva_grguric_official

Останати вести од Радио Милева