Радио Милева естрада и политика

Српски политичари се скараа заради Сандра Африка

Српски политичари се скараа заради Сандра Африка

Одлуката на локалната власт во српската општина Андријевица да ја ангажира естрадната уметница Сандра Продановиќ, попозната како Сандра Африка, за да ги забавува граѓаните на 17 јули, за време на прославата на Денот на општината Андријевица, предизвика бура од негодување и ја крена на нозе  опозицијата.

Наводно, планирано е  околу пет илјади евра да се потрошат за настапот на Сандра Африка, што најмногу ја изиритирало опозицијата во Андријевица, која тврди дека ова е скандал зашто власта неодговорно ги троши парите на граѓаните, за шунд настан со кој само ќе  ги понижи, омаловажи и исмее  традиционалните, историските придобивки и културните вредности на тој крај и Србија воопшто.

Власта пак има свое гледање на работите. В.Д. директорот на Центарот за култура  Марко Вукиќ, тврди дека во целата приказна нема ништо спорно и контроверзно, туку само опозицијата злобно сака да го исполитизира случајот, пишуваат „Вечерње Новости“.

To top