Популарната пејачка Сара Jо вчеравечер, петок 04 март 2022, учествуваше на втората полуфинална вечер на српскиот избор за „Песна за Евровизија 2022“, по чиј настап стана јасно дека Јовановиќ сериозно одлучилa годинава да ја претставува Србија во Торино.
Пејачката веќе ја освои публиката со песната „Мушкарчина“, а за настапот избра предизвикувачки стајлинг и црна боја со мастило сини детали. Но, важен е и сценскиот настап, па Сара се потрудила она што го изведува на сценографијата во вид на „круг“ да потсетува на кореографиите на најпознатите светски музички ѕвезди како Мадона, Бијонсе или Џеј Ло.
Сара Јо носеше провокативни чорапи кои ги истакнаа нејзините долги нозе, а извајаната заоблена задница предизвика дополнителна возбуда.
Инаку, според проценките на обложувалниците во Србија, Сара Јо има најголеми шанси да ја претставува Србија на Евровизија, што во мај ќе се одржи во италијанскиот град Торино.
Шансите за нејзин триумф се 1,55. До неа е Зорја Пајиќ, со коефициент 2,20, потоа Аца Лукас со 3,00, потоа Анџелина со 5,00, Марија Микиќ со 8,00 и Тијана Дапчевиќ и Ана Станиќ со 10,00.
Претходните години обложувалниците кои се занимаваа со ваков тип на обложување, ретко се случуваше да промашат.
View this post on Instagram
Фото и видео: Јујуб и Инстаграм принтскрин/srbija_showbizz