Српскиот модел, манекенка, актерка и ТВ водителка Нина Сеничар мина неколку дена на црногорското крајбрежје за со колешките Катарина Радивојевиќ и Марија Вицковиќ во неколку наврати да ја одиграат претставата „Погледи“.
И кога ги заврши своите работни обврски, Нина отиде да го посети својот љубимец, со кого, како што самата напишала, љубовта трае веќе четиринаесет години.
А таа љубов беше толку голема што ја изненади и самата Нина Сеничар, а ја шокираше јавноста. Љубимецот најпрвин почна да и ја лиже раката, а потоа Нина го праша: “Што тоа правиш?”, по што коњот почна да и ги лиже градите, а таа му дозволи дури и да ја завлече главата под нејзината маичка.
Оваа своја снимка таа ја објави на нејзиниот „Инстаграм сторис“, а јавноста остана во чудење и прашалници, прашувајќи ја токму нејзе: „Нина, што тоа правиш“?