Радио Милева парфемот и ја откри болеста

Српската водителка еден месец се бореше со корона, а сега откри какви последици има

Српската водителка еден месец се бореше со корона, а сега откри какви последици има

Водителката на утринската програма на РТС, Сања Драгиќевиќ Бабиќ во емисијата „РТС ординација“ откри била позитивна на коронавирусот од 8 јули до 9 август, но и дека ден денес чувствува замор.

Според неа, тоа е замор кога работиш туку тоа е последица на коронавирусот и доктрите и кажале дека тоа е нормално.

„Зборував со пријателите кои прележаа Ковид 19 и кои поминаа полесно, тие велат дека ги имаат истите симптоми. Останатото се е во ред. Белите дробови, срцето и бубрезите се добро и тоа е она што треба да се обрати внимание“, вели Сања Бабиќ.

фото: Принтскрин/ртс ординација

Водителката откри како изгледале првите симптоми.

„Пред да влезам во студио, некој од колегите прсна парфем и кажа – убав е. Јас реков дека ништо не чувствувам, можеби е проблем со синусите. После емисијата се тестирав и испадна дека сум позитивна“, објаснува новинарката.

Таа додава дека ги испитала белите дробови, направила крвна слика, а тестот и бил негативен.

„Двапати PCR тестот беше негативен, а антителата покажуваа позитивен резултат. Само еден ден имав температура од 37,4. Во меѓувреме, исто така, го изгубив чувството за вкус, имав главоболка уште еден ден и отежнато дишење кој траеше еден месец – истакна Бабиќ.

 

 

 

To top