Српската водителка и едно од омилените лица на телевизијата „Ред“, Сања Станковиќ, на својот Инстаграм профил објави фотографија од болница која ги загрижи нејзините фанови и следбеници.
Во преден план на сликата е болничкиот кревет и раката на Сања каде се гледа дека прима инфузија и лежи неподвижно.
– Не би кажала многу додека не излезам од болница. Во прашање е нешто здравствено и естетски. Имав интервенција , се помина добро. Еве, сега ќе ми ја вклучат инфузијата, се на се добро сум, не грижете се! – изјавила Сања за Пинк.рс.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/mrs_s.happy