Старлетата, поранешна ријалити ѕвезда, сега фитнес инструкторка Љуба Пантовиќ (50) признала дека шест пати легнала под нож за да ги зголеми градите, а за тие интервенции дала 25.000 евра.
„Имав естетски операции на градите шест пати и сега конечно сум задоволен. Ме чинеа 25.000 евра, но не се каам. Сама ги финансирав операциите бидејќи не дозволувам никој ништо да ми плати.
Не би поднела некој наоколу да ме озборува како ми купил ци*ки“ – изјавила Љуба и открила дека откако таа „дотерала“, непристојните понуди само се редат.
„Ми нудат и пари за интимни односи и тоа по неколку илјади евра, а јас им се потсмевам, па им одговарам:
„Ало клошар, па за 5.000 евра не ни станувам од кревет, а тој ќе ја зголеми цифрата на 7.000, кога повторно го одбив ја качи на 10.000. Еден човек ми напиша: „Срам да ти е, малку ли ти е тоа?!“ Ете така се однесуваат и лечат комплекси… Мислат дека можат се’ да купат. Ми доаѓа да им возвратам:
„Купи ми куќа во центарот на Белград и твоја сум. Тогаш ќе добијам благослов и од родителите и од пријателите! Но, секако дека се шегувам“, изјави силиконската старлета.
Фото: Инстаграм принтскрин/ifbb_pro_ljuba_pantovic