Радио Милева
трагедија...

Српската шампионка во фитнес и бодибилдинг Александра Цимеша ненадејно почина во 40-тата година (ФОТО)

Српската шампионка во фитнес и бодибилдинг Александра Цимеша ненадејно почина во 40-тата година (ФОТО)

Српската шампионка во фитнес и боди-билдинг Александра Цимеша, ненадејно почина на 40-годишна возраст. Починала на пат кон дома враќајќи се од тренинг од теретаната, а според неофицијални информации, станува збор за срцев удар. Таа прикачила снимки од нејзиниот силен тренинг пред само неколку дена на својот Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Cimesa (@alexcimesa)

Во неколку наврати, таа ја претставуваше Србија на континенталните шампионати и турнири на Балканот.

Инаку, Александра е родена 1981 година во Вршац, а дипломирала на Спортската академија, насока – спортови на сила и фитнес. Израснала во спортско семејство, а од најмала возраст му се посветила на спортот.Успешно тренирала  кошарка и била репрезентативка во кадетската селекција.

Покрај тоа, таа тренирала и карате и кик- бокс.Работела и како инструктор по фитнес и аеробик, анекое време се занимавала и со спортско новинарство.

Останати вести од Радио Милева