Александра Слаѓана Милошевиќ пред неколку недели доживеала тешка несреќа, кога паднала и ги скршила двете раце.
Познатата поп-рок пејачка која важи за српска рок икона, додека ја напуштала зградата во која живее во Нов Белград, се сопнала од јажето на влезните скали и паднала.
На рокерката веднаш и било јасно дека ги скршила двете раце.
„Слаѓана, како и другите станари, не знаела дека еден нивни сосед врзал јаже кај влезните скали, па не внимавала кога поминувала. Меѓутоа, штом зачекорила, веднаш се сопнала и се спружила во влезот! Скалите се многу стрмни и насекаде има бетон, па не е чудно што се здобила со скршеница на двете раце“ – вели извор од соседството, додавајќи дека Милошевиќ морал да носи гипс неколку недели.
„Закрепнувањето беше многу долго и болно, се уште не е сè завршено, но сега е подобро отколку што беше. Слаѓана храбро се справува со тоа и самата помина низ се’. Речиси седум недели носеше гипс, но неодамна лекарите и го симнаа и сега постепено може да се врати во нормален живот“ – изјавила соседката.
Фото: Инстаграм принтскрин/a.sladjanamilosevic