Српската старлета Марина Глушица, попозната како Марина – Барби, поранешна учесничка во познатото ријалити „Парови“ доживеала трауматично искуство кога неколку мажи наводно фрлале шишиња и столици на нејзиниот настап додека пеела. Како што изјавила, тоа им се случува и на други пејачи, па морала да заврши во болница, а за медиумите открила во каква состојба е во моментов.
„Два месеци страдам на настапи. Никој не реагира. Еден лик фрли со тап предмет по мне додека пеев, ми беа изобличени окото, рамото, ногата. Ме гаѓаа и со шишиња“ – рекла вознемирената Марина – Барби, па продолжила:
„Пред тоа на истиот настап еден лик ме турна од сцената и почна да ме удира со палка. Бев во болница, носев и медицинска крагна околу вратот“ – раскажала старлетата во обид да биде и пејачка. Ја навела и наводната причина зошто тоа и се случува.
„Беа пијани, па се извинуваа“ – изјавила за еден српси портал барби. Додала дека завршила во болница, а лекарите биле шокирани кога ја виделе глетката.
Наравоучение: Од ријалити старлета, тешко се станува музичка ѕвезда!
Фото: Инстаграм принтскрин/marina.barbi1