Откако одекна како бомба во српските таблоиди веста дека доскорешната фолк ѕвезда Мина Костиќ нема пари ни да си ги плати сметките за струја и телефон, пејачката раскажа што и се случува:
„Отпрвин бев шокирана. Го однесов кучето на ветеринар и тогаш некој ми се јави, а јас му реков дека телефонот ми беше долго исклучен и дека не ги следам настаните. Боже мој, на сите им се случило да им го исклучат телефонот. Следниот ден платив и тогаш се крена врева околу тоа. Јас сум во моментов толку мизерна, што речиси немам од што да живеам! Фала му на Бога, нешто заштедив и го имам најосновното што ми треба за живот“ – објасни Мина.
Мина добила помош од државата во износ од 90.000 динари, а неодамна рече дека тоа и е доволно да ги покрие само основните трошоци, додека пред тоа не можеше ниту да ги плаќа сметките.
„Кога не работам и немам приход, а морам да ги плаќам сметките, не можам да го правам тоа. Немам каде да ги плаќам сметките. Ова ми се случува за прв пат во животот, да останам без пари. Како независен уметник, добив помош од државата за три месеци, но, луѓе, што се 90.000 динари?“ – рече неодамна пејачката, пренесуваат српските медиуми.