Радио Милева
голема одлука

Српската пејачка Стоја ја напушта Србија – ќе се сели на море, а еве во каков луксуз ќе живее (фото)

Српската пејачка Стоја ја напушта Србија – ќе се сели на море, а еве во каков луксуз ќе живее (фото)

Фолк пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја наводно решила да се пресели во Хрватска и тоа во Пула. Таа веќе некое време бара луксузна куќа покрај море, која планира да ја купи и каде сака да го продолжи животот со сопругот.

Тие двајца поседуваат куќа на Бежанијска коса која ја издавале под кирија, а извесно време живееле и во помала во Перлез. Сега се расправаат дали да ја продадат куќата на Бежанијска коса каде што живееле со години или да продолжат да ја издаваат.

– Стоја и нејзиниот сопруг долго време бараат куќа во која ќе се преселат. Веќе за краток период била два-три пати во Пула за да види какви куќи се нудат. Најверојатно ќе изберат куќа во познатата населба Зеленика со прекрасен поглед на морето. Веќе ја донесоа одлуката за преселување, тоа им е приоритет за следната година. Тие двајца сега само размислуваат што да прават со куќата на Бежанијска коса – дали да ја продадат, бидејќи имаат неколку примамливи понуди или само да ја изнајмат, како што прават откако се преселиле во Перлез. Тој имот дефинитивно ќе го задржи бидејќи Стоја е многу приврзана за него и тоа не е доведено во прашање – заклучува изворот.

Фото: Принтскрин/Милан Илиќ/Теодора Борозан/TikTok

Останати вести од Радио Милева