Радио Милева карантин или седенка?

Српската пејачка сакаше да се пофали со слика од изолација, па не само што се избрука, туку и се заканува и затвор! (ФОТО)

Српската пејачка сакаше да се пофали со слика од изолација, па не само што се избрука, туку и се заканува и затвор! (ФОТО)

Претставниците на надлежните и релевантни институции со денови апелираат до граѓаните да се придржуваат кон сите пропишани мерки воведени за сузбивање на епидемијата од коронавирусот која однесе многу животи во светот, а српската фолк пејачка Андреана Чекиќ организираше седенка за осум лица.

И покрај тоа што сакаше да биде „пофалена“ за почитување на регулативата, таа всушност предизвика контраефект и револт на јавноста, бидејќи строго ги кршеше една од основните мерки воведени од Владата на Република Србија за време на вонредната состојба.

И покрај фактот дека огромното мнозинство од населението ги минимизираше движењата и меѓучовечките контакти, пејачката направи селфи и напиша дека е во карантин и покрај тоа што минатиот викенд, владата на Република Србија експлицитно забрани  собирање на повеќе од пет лица на еден простор, па на фолкерката сега и се заканува висока казна, а можеби и затвор.

„Карантин“ –  напишала Андреана Чекиќ покрај фотографијата, а коментарите што ги доби потоа, сурово ја „треснаа од земја“:

„Дегенерици“, „Тоа не е во ред“, „Дебил, уште објавува…“, „Треба добро да те казнат по џебот“, „Каков е тоа карантин, 10 луѓе заедно“, „Сељачко собирање, мозокот веројатно им е на ремонт“…

 

View this post on Instagram

 

Karantin ♥️

A post shared by Andreana Cekic (@andreanacekic) on

To top