Радио Милева микрофон во самоодбрана

Српската пејачка отишла да пее на панаѓур, па претепала гостин: „Го удрив со микрофонот во глава, му потече крв, па јас, ама и цел шатор скокна врз него…“

Српската пејачка отишла да пее на панаѓур, па претепала гостин: „Го удрив со микрофонот во глава, му потече крв, па јас, ама и цел шатор скокна врз него…“

Фолк пејачката Гоца Божиновска беше гостинка кај Огњен Амиџиќ, во неговото „Ами Џи шоу“. Тој ја замолио да ја издвои најголемата непријатност што ја доживеа на некој свој настап, концерт, свадба  или прослава.

„Една непријатност ја паметам и ден денес, иако тоа беше многу одамна, во Босна мислам дека имаше некој панаѓур. Влегов во голем шатор. Почнав да пеам, а еден почна да се мота околу мене. Газдата ми вели да го пуштам затоа што беше пијан, а  и бил опасно момче. Бев млада, а тој дојде до мене и почна да ми дофрла: ‘Би ти правел ова, ќе ти правам она’… А јас, ни пет- ни шест, го удрив со микрофонот директно во глава! Толку силно, што почна да крвари… И тргна да ме напаѓа, кога целиот шатор скокна врз него. Најинтересно е што тој  се уплаши повеќе од мене. Особено кога јас скокнав на него, и му реков: „Е, сега ќе видиш’…. Тој  некако се извлече и почна да бега, а јас тргнав да трчам по него. Тоа е нешто, на што се сетив. Ма, доживеавме сè  и сешто“ – рече Гоца.

To top