Радио Милева ја потера малер

Српската пејачка остана два часа заглавена во лифт: Беше претопло, бев речиси без воздух!

Српската пејачка остана два часа заглавена во лифт: Беше претопло, бев речиси без воздух!
 Српската фолк пејачка Милена Плавшиќ во вторникот доживеала вистинска  драма, кога се заглавила во лифт, во кој таа останала затворена цели два часа.

Еден од станарите на зграда во Нов Белград, кој се случила оваа непријатна слушкаа ја известил редакцијата на српски  Курир и раскажал во детали како изгледало спасување на познатата пејачка, на кое присуствувале околу педесеттина луѓе.

„Слушнав тропање и женски глас што повикуваа на помош од лифтот, кој беше заглавен помеѓу петтиот и шестиот кат. Отидов таму и ја прашав што се случува, а жената во паника плачејќи ми рече дека таа е веќе десет минути заглавена во лифтот и никој не ја слушнал.

Потоа го повикав претседателот на куќниот совет, кој ја повика службата за одржување на лифтот, но им требаше повеќе од еден час да дојдат.
Имаше многу луѓе, над 50, воглавно од нашата зграда. Секој сакаше да помогне, некој викна пожарникари, луѓето беа исплашени, бидејќи лифтот и пред тоа неколку пати пропаѓаше до подрумот, а имаше и повредени“ – вели еден жител, додавајќи дека Милена била многу вознемирена кога по два часа  од драмата, конечно беше ослободена од расипаниот лифт.

Милена Плавшиќ, која сѐ уште е под стрес поради настанатата ситуација вели:

„Да, тоа се случи кога отидов да ги посетам роднините, кои живеат во таа зграда. Мислам дека веќе никогаш во животот нема да влезам во лифт. Јас сум толку исплашена и вознемирена што сè уште не можам да закрепнам. Воопшто не е пријатно да се биде толку долго заглавен во мал простор, особено на оваа жештина, зашто внатре бев речиси без воздух“.

To top