Радио Милева тага или...

Српската пејачка облеана во солзи: Милена Ќераниќ сподели видео на Инстаграм на кое плаче без ништо да објасни (ВИДЕО)

Српската пејачка облеана во солзи: Милена Ќераниќ сподели видео на Инстаграм на кое плаче без ништо да објасни (ВИДЕО)

Вчера на социјалната мрежа Инстаграм се појави кратко видео на кое се гледа како Милена Ќераниќ плаче, но никој не знаел што се случува бидејќи пејачката не напишала ништо во описот на видеото.

Бидејќи јавноста беше повеќе од вознемирена по објавата на Милена, таа се огласи да објасни за што всушност се работии ја раскажа целата вистина.

„Не е ништо лично на емотивен план, ниту не дај Боже нешто лошо ми се има случено мене или на некој од моите блиски… Тоа е само сценаод мојот нов спот кој премиерно ќе биде прикажан во вторник, 07 март 2023 година. Жал ми е што загрижив многу мои блиски пријатели со ова видео бидејќи мојот телефон не престанува да ѕвони од вчера, но тоа е веќе знак дека го одиграв мојот актерски предизвик најдобро што можев. До душа, морам да признаам дека овие солзи се вистински и искрени, бидејќи целата приказна околу песната и спотот навистина ме трогнаа, а верувам дека и публиката ќе ја препознае и почувствува“ – појаснила пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milena Ceranic (@ceranicmilena)

Фото: Инстаграм принтскрин/ceranicmilena

To top