Радио Милева „макро“ со микрофон...

Српската пејачка на која и ставаа бакшиш во гаќички, вмешана во елитна проституција: Душица Грабовиќ лапала „дебел“ процент!? (ФОТО)

Српската пејачка на која и ставаа бакшиш во гаќички, вмешана во елитна проституција: Душица Грабовиќ лапала „дебел“ процент!? (ФОТО)

Откако се дозна за големата полициска акција во која во Белград беа уапсени 29 лица осомничени за поврзаност со елитна проституција, се појавија нови детали и имиња, а како што дознава „Република.рс“ од МВР, меѓу вмешаните е и познатата српска пејачка и ријалити учесничка,  Душица Грабовиќ.

Имено, покрај макрото Душко Бањац, кој ги изнајмувал девојките заедно со Никола Анѓелиќ, во полиција „пропеале“ и некои од проститутките кои биле фатени на дело дека Душица наводно им наоѓала клиенти.

„Земала 30, 40 отсто од вкупната договорена сума, која вообичаено била околу 1.000 евра“ – изјавила една од девојките на распитот.

Со оглед на тоа што Грабовиќ учествувала во реалното шоу „Парови“, постои сомневање дека таму регрутирала девојки кои подоцна ги изнајмувала.

Девојката која била сослушана ги погледнала фотографиите на осомничените за организирање проституција, па на една од нив ја препознала Душица. Таа рекла дека пејачката земала добар процент од тоа. Добивала 30 или 40 отсто од заработката, што не е малку“ – раскажал добро упатен извор за споменатиот медиум.

Девојката детално објаснила како работела кај пејачката, па открила дека имала девојки кои работат за неа, кои не се јавни личности.

„Ретко се гледавме во живо, Грабовиќ е често на пат и во странство, па бараше парите да и бидат префрлени само откако ќе се заврши работата. Душица работеше најмногу со старлети, има многу ријалити ѕвезди, но има и многу кои не и се познати на јавноста. Склучија договори за работа за пониски цени, но се согласија на тоа. Душица ним им земала околу 20 отсто од заработката“ – заклучува соговорникот.

Инаку сексапилната српска пејачка Душица Грабовиќ е  позната по својот провокативен изглед и однесување, исто такво облекување, разголените фотографии, скандалите…

Стана популарна откако влета во фокусот на медиумите кога осамна видео од еден нејзин настап во ноќен клуб во Швајцарија, каде гостите за исполнување на нивните музички желби бакшишот и го ставаа секаде каде што можат да допрат: Во градите и во гаќичките под фустанот, а сето тоа се случуваше додека таа гордо пееше со микрофонот в рака!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dusica Grabovic (@dusicagrabovic)

Фото: Инстаграм принтскрин/dusicagrabovic

To top