Радио Милева
умор и стрес

Српската пејачка ја ограбија, па Каја Остојиќ од стрес заврши на инфузија (ФОТО)

Српската пејачка ја ограбија, па Каја Остојиќ од стрес заврши на инфузија  (ФОТО)

Пејачката Каја Остојиќ преку личниот Инстаграм профил на своите следбеници им откри дека ја ограбиле, а потоа поради комбинацијата на претрпен стрес и силното темпо на работа, како и бурниот начин на живот, завршила на инфузија.

Каја работи напорно, настапува и тренира, па нема сомнеж дека овој начин на живот и е многу исцрпувачки, а кога на тоа се накалемил и стресот поради грабежот во нејзиниот дом, јасно е која е прилината за  нејзината последна објава на социјалните мрежи.

Остојиќ на својот профил сподели видео на кое се гледа како прима инфузија, а објавата ги загрижи нејзините бројни обожаватели и предизвика шпекулации во јавноста.

„Животот е убав, а најдоброто допрва доаѓа“ – напиша пејачката во објавата, а потоа ги шокираше корисниците на социјалните мрежи признавајќи дека еден од соседите ја ограбил. До душа, сите кога крадат ги интересира каде се крие златото, кешот, паричниците, а овој на Каја и  ги „дрпнал“ звучниците!?

„Бидејќи има луѓе што крадат звучници од туѓи станови, сега ќе купам уште подобри и поубави“ – напишала пејачката во пораката за инает на нејзините комшии – арамии.

 

Останати вести од Радио Милева