Бред Пит беше sвезда на 76-от фестивал во Венеција, каде го промовираше својот нов филм „Ад Астра“.
За време на прес-конференцијата, на холивудската суперesвезда и се претстави со новинарката на шоуто „Ексклузив“ Вања Камовиќ, која му рече дека доаѓа од Белград – Србија.
Со спомнувањето на името на земјата, Бред се насмевнал, како што забележува Вања.
– Гледам како се насмевнавте кога реков Србија – рече новинарката, а потоа Бред рече нешто што ќе ги воодушеви многумина Срби.
„Јас сум голем обожавател на Новак Ѓоковиќ“, рече Пит.