Вирусот „Корона“ деновиве е неизбежна тема на улиците, во медиумите и на социјалните мрежи каде се повеќе и повеќе јавни личности споделуваат фотографии со заштитни маски.
Модната дизајнерка Верица Ракочевиќ, беше оригинална и меѓу оние кои им се придружуваа на сите кои покажаа како да се заштитат од вирусот.
Таа за своите следбеници сподели фотографија на Инстаграм дека не носи медицинска маска, туку маска за гас, што ги натера да изнасмеат сите оние кои ја следат на Инстаграм.
„Треба да се биде подготвен и внимателен“,пишува Верица.
„Имате тешка артилерија!“, „Ме натеравте да се смеам“, „Ттолку си убава“, „Каде ја најде таа маска?“… се некои од коментарите кои и беа упатени на модната дизајнерка.