Радио Милева какво прашање, таков одговор...

Српската мисица и сопственичка на „Онли фанс“ страница тргна да прави провокативна анкета, арно ама… Јелена Кнежевиќ избега откако сфати дека момчето наместо вербално да и каже, сака нешто практично да и покаже (ВИДЕО)

Српската мисица и сопственичка на „Онли фанс“ страница тргна да прави провокативна анкета, арно ама… Јелена Кнежевиќ избега откако сфати дека момчето наместо вербално да и каже, сака нешто практично да и покаже (ВИДЕО)

Манекенката, бивша мисица и горда сопственичка на „Онли Фанс“ страница, Јелена Кнежевиќ  моментално е една од српските јавни личности која има најмногу претплатници на платформата за возрасни, каде оваа атрактивна дама објавува експлицитни видеа и фотографии.


Атрактивната мисица и модел иако не престанува да мами воздишки, особено кај своите машки следбеници на социјалните мрежи, сега отиде чекор понатаму.

Иако од својата голотија сосема добро заработува, очигледно и многу троши, како што самата вели: „Трошам како жена на фудбалер“,  па затоа русокосата старлета реши да го грабне микрофонот в рака и да снима анкета по српската престолнина, поставувајќи им на случајните минувачи провокативни и интимни прашања.

На некои мажи им вети дека ќе им покаже фотографии на кои е пиштол гола доколку точно одговорат на нејзините скокотливи прашања.

Прашањето на една од последните нејзини безобразни анкети беше: „Оценете се себе си од 1 до 10“… на оние чии одговори и се допаѓаа им покажуваше нејзини голи фотографии од мобилниот како награда…

И се’ така додека не налета на едно младо момче чиј одговор ја натера да избега „га* преку глава“, иако момчето воопшто не беше ниту насилно, ниту безобразно… Само сакаше да и одговори и возврати со иста мерка онака, како што таа го постави прашањето… Практично и сликовито.

Погледнете за што се работеше и како се’ заврши:

Фото: Инстаграм/la_vidaa__locaaa

To top