Валентина Петровиќ, српската мисица што покажуваше двоглав орел била хоспитализирана откако сношти ненадејно и се слошило!
Валентина во последните недели беше во центарот на вниманието поради нејзиното појавување на изборот за Мис Интерконтинентал во Египет, каде заедно со претставничките на Албанија и Косово покажа двоглав орел кој ја симболизира т.н. Голема Албанија.
Нејзината колешка Наѓа Кљајиќ, поранешна мис туризам, откри дека Валентина вчера се вратила во Србија и дека набргу по пристигнувањето ненндејно и се слошило и таа завршила во болница на инфузија.
„Редовно контактирам со менаџерот и директорот на компанијата Мис Ју, кои ме известија дека на Валентини и се слошило. Ја разбирам, зад неа е страшен стрес, а допрва овде дома ја чека голем притисок. Случано или не, ја држеле подолго и на царина при враќањето во Србија“ – објави Наѓа во утринската програма на телевизија Курир.
По скандалот Валентина јавно се извини, неколку пати повтори дека искрено жали, а Весна да Винча, сопственичката на официјалната агенција која испраќа српски мисици на светските натпреварувања, изјави дека мисицата била „злоупотребена и наместена“, по што преживеала медиумски линч.
Фото: Printscreen Instagram/bunt.svesrbija