Српската манекенка, водителка и актерка Нина Сеничар се појави на црвениот тепих на доделувањето на Оскарите и воодушеви со својот моден избор и изглед воопшто.
36-годишната Нина за церемонијата одбрала прекрасен црн фустан со потпис на „Долче и Габана“, а критичарите на социјалните мрежи ја прогласија за една од најдобро облечените дами таа вечер.
View this post on Instagram
На доделувањето на Оскарите пристигна во придружба на нејзиниот сопруг, американскиот актер Џеј Елис.
Во видеото кое го објави на својот инстаграм-профил со своите бројни следбеници и обожаватели покажа како изгледале подготовките за најважната холивудска вечер.
View this post on Instagram
Актерката, која ја нарекуваат најубавата Србинка, ја отелотвори Кери во серијата „The Downside of Bliss“ со Ерик Робертс и Били Зејн.
Убавата Нина на својот инстаграм-профил сподели и неколку фотографии од гламурозната забава на „VanityFair“ која традиционално се одржува веднаш по доделувањето на Оскарите. Таа за забавата повторно носеше фустан на „Долче и Габана“ кој соврешно ѝ прилега.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/ninasenicar