Српската манекенка Дејана Живковиќ се породи во средината на мај и го роди синот Лев,кој им стана центар на светот и им го разубави животот на неа и на нејзиниот сопруг Филип Симоновиќ.
Дејана веќе извесно време поминува со семејството во Црна Гора, каде ужива во пловењето и релаксирањето на популарните плажи, а сега ги воодушеви сите со фотографија во бикини. Таа се сликала на јахтата на која престојува и многумина оставила без зборови, бидејќи нема никаков знак дека неодамна се породила.
Познато е дека многу се грижи за својот физички изглед, па успеа за рекордно време да се ослободи од вишокот килограми и ужива во комплиментите кои ги добива на Инстаграм.
View this post on Instagram
Фото:Принскрин/Инстаграм/dejanazivkovic